По експлозиите на пејџер во Либан, Иран го обвини Израел за масовно убиство

Сподели со своите пријатели

Иран денеска го обвини Израел за „масовно убиство“, еден ден откако девет лица загинаа, а 2.800 беа повредени кога експлодираа пејџери што ги користеа членовите на либанскиот Хезболах.

Loading...

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канани го осуди нападот.

Нападот претставува „масовно убиство и терористички чин на ционистичкиот режим во Либан“, се вели во соопштението.

Се додава дека нападот бил насочен кон либански граѓани.