По цели 26 години Куманово доби нов пехар во ракометот, но прв во женскиот.
Loading...
Во 1993 година составот на Шевро Куманово го освојува пехарот во Купот на Македонија и до вчера тоа беше единствениот ракометен пехар во градот.
Ракометарките на Куманово испишаа нова историја во овој спорт во градот откако го совладаа составот на ЖРК Вардар и станаа најдобри во државата.
Сега атакуваат и на двојна круна сезонава, односно освојување и на првенството.
На натпреварот Вардар – Металург кој се играше во Спортската сала во Куманово на паркетот со трофеј во рацете се појавија дел од составот на некогашниот РК Шевро кои не навратија во далечната 1993 година.