Пленумци на втора средба со Адеми – бојкотот продолжува

Сподели со своите пријатели

На вториот ден од отворањето на новиот средношколски фронт, Средношколскиот Пленум ја одржа втората средба со министерот за образование Абулаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски.

Loading...

Како што објавија пленумците на својата Фејсбук фан страна, иако на средбата не бил постигнат финален компромис и средношколските барања не биле усвоени, според преговорите Средношколскиот Пленум смета дека истите се движат во позитивна насока.

Преговорите како и одржувањето на средношколскиот фронт и бојкотот на наставата во средните училишта продолжува во наредните денови, напишаа пленумците со најава за  генерален пленум во 15:00 часот.

Дотогаш, кампот на Средношколскиот пленум ќе остане на истото место пред Министерството за образование. 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *