Планинар од Куманово повреден на Титов врв, неговиот пријател загина

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишен кумановец е повреден во обид да го искачи Титов врв, додека негов пријател, чиј идентитет МВР не го соопштува, загина.

Loading...

Во акцијата за спасување учествувале повеќе тимови, а повредени се и двајца припадници на Министерството за внатрешни работи.

– Вчера (8 ноември) во 17 часот и 30 минути преку ЦУК-Тетово во СВР Тетово, Ф.Н.(24) од Куманово пријавил дека движејќи се со уште едно лице, негов пријател, кон Титов Врв, околу половина километар пред да се искачат, другото лице паднало од карпа во бездна и се повредило, но дека поради непристапниот терен и маглата Ф.Н. не можел да види за какви повреди станува збор и практично да му помогне, информираат од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голем митинг на ЗНАМ - За наша Македонија утре во Куманово (ВИДЕО)

Набргу по пријавувањето беше организирана спасувачка потрага по двете лица во која учествуваа екипи на МВР, ЦУК, СВР Тетово, ТППЕ Тетово и други лица, кои со специјални теренски возила и хеликоптер се упатиле на посоченото место.

По извесно време спасувачките екипи го пронашле Ф.Н. и го пренеле во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, a двајца припадници на МВР се повредиле во акцијата.

– Второто лице денеска (9 ноември) претпладне беше пронајдено починато и со хеликоптер на МВР беше извлечено од местото каде паднало вчера, стои во соопштението на МВР.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршија увид и се расчистува и документира случајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Граната пронајдена во центарот на Куманово

Никола Ивановски

Loading...