Пилотите на Еуровингс започнаа тридневен штрајк

Сподели со своите пријатели

Пилотите на „Еуровингс“, подружница на германската авиокомпанија „Луфтханза“, денеска го започнаа вториот штрајк овој месец поради спор околу условите за работа, а синдикатот ги повика на тридневен прекин на работата.

Loading...

На аеродромот во Дизелдорф откажани се 102 од вкупно 171 лет за денеска, јави германската агенција ДПА.

Пилотите бараат да се намали максималниот број на часови на летање. Тие претходно организираа еднодневен штрајк на 6 октомври.

Раководството на авиокомпанијата го опиша последниот штрајк како непропорционален и неодговорен.

Штрајковите во матичната компанија Луфтханза завршија во септември, откако авиокомпанијата и синдикатот постигнаа договор за платите.