Пилот на авиокомпанијата JetBlue по грешка ја известил конролата на летот дека авионот е киднапиран.
За да спречат авионот да се доближи до терминалот, десетици припадници на аеродромската полиција го опколиле леталото на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк, кое требало да полета кон Лос Анџелес.
На лице место излегле и припадниците на Одделението за внатрешна бесбедност и Федералното истражно биро (ФБИ).
Сојузнат ауправа за цивилно воздухопловство соопштила дека се случил проблем со радио опремата кога пилотот требало да полета, но подоцна се испоставило дека системо за радио врска откажал и дека пилотите престанале да комуницираат со контролата на летот.
https://twitter.com/Alexa_Curtis/status/1011776910064541702
Драматично видео кое го снимиле патниците прикажува како припадниците на спцијалните полициски единиците влегуваат во авионот и го пребаруваат. Им наредиле на патниците да ги кренат рацете.