Пијан возач минал на црвено во Германија па удрил во 31 автомобил

Сподели со своите пријатели

Пијан возач на камион во јужна Германија удрил со своето возило во паркирани автомобили откако игнорирал црвено светло.

Loading...

Од силината на ударот некои од автомобилите се запалиле, соопшти полицијата.

Три лица се полесно повредени во вторникот вечерта, а во инцидентот и Фирт, недалеку од Нирнберг, оштетени се 31 возило.

Возачот на камионот најпрвин не реагирал на црвеното светло, поради што го напасил автомобилот кој се наоѓал на раскрсницата, па продолжил без да застане, се вели во полициското соопштение.

Набргу потоа камионот удрил во неколку паркирани автомобили и ги турнал напред, а некои биле прилепени за ѕидовите на зградите.

Во верижен судир се запалиле неколку автомобили, фасадата на куќата и самиот камион. Станарите се евакуирани од куќата.

Возачот, 50-годишен турски државјанин без постојан престој во Германија, е уапсен на лице место.

Алкотестот покажал дека тој имал далеку поголемо количество алкохол во крвта од дозволеното.

Loading...

Со полесни повреди се здобиле возачот на камионот, возачот на автомобилот кој камионот го собрал на семафор и еден случаен минувач.