Пијан маж се обидел да го украде телото на Ленин од мавзолејот

Сподели со своите пријатели

Руската полиција во понеделникот привела пијан маж кој се обидел да го украде телото на Владимир Илич Ленин од мавзолејот на Црвениот плоштад, јавува руската државна новинска агенција ТАСС.

Loading...

„Инцидентот се случи ноќта на 6 февруари. Еден човек е уапсен кога се обидел да упадне во мавзолејот во кој се наоѓа телото на Владимир Ленин и да го украде. Подоцна беше откриено дека човекот бил пијан“, потврдил полициски извор.

Полицијата во текот на ноќта забележала сомнителен минувач како се движел во близина на мавзолејот, а кога почнал да ја влече вратата и се обидел да влезе внатре, полицијата го привела.

Наводно на местото на настанот била повикана брза помош, а лекарите констатирале дека мажот има психичко нарушување предизвикано од дејството на алкохолот.

За време на сослушувањето, мажот викал и продолжил да се обидува да избега, но на крајот признал дека сакал да го украде телото на Ленин. Според ТАСС, тој не знаел како да ги објасни своите мотиви.

Поранешниот советски државник Владимир Илич Ленин починал на 21 јануари 1924 година, а пред смртта не ја изразил својата желба на кој начин сака да биде погребан.

Затоа неговото тело било балсамирано, а во 1930 година била завршена изградбата на мавзолејот во кој било поставено телото.