Петнаесет луѓе ранети во престрелка во Чикаго

Сподели со своите пријатели

Најмалку 15 лица се ранети кога непознато лице отворило оган за време на забава по повод Ноќта на вештерките во американскиот град Чикаго, Илиноис, соопшти локалната полиција.

Loading...

Инцидентот се случил во населбата Норт Лоундејл, а од полицијата велат дека осомничениот е приведен.

„По пријавата, полицијата затекнала непознат маж како пука на локацијата каде се одржувала забавата. Напаѓачот побегнал пеш, но набрзо бил фатен и приведен“, се вели во соопштението.

Инцидентот се случил на забава на која присуствувале околу 100 луѓе.

Сите повредени се пренесени во болници. Две лица, 26-годишна жена и 48-годишен маж се во критична состојба.

Полицијата го соопшти идентитетот на сите повредени во престрелката, нивната возраст и степенот на повредите.

Во полициското соопштение се додава дека локални детективи покренале истрага и дека од осомничениот е одземен пиштол, пренесува СРНА.