Четириесет и едногодишен кумановец се здобил со тешки повреди откако вчеравечер со својот автомобил удрил во паркирано возило.
– На 08.07.2026 околу 22:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Т. (41) од Куманово удрило во паркирано товарно возило „пежо“, паркирано од С.К.(38) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил М.Т., констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски

