Пет тела пронајдени по пожар во трговски центар во Индонезија

Сподели со своите пријатели

Пет тела беа евакуирани денеска од пожар што избувна во трговски центар во западна Џакарта во средата вечерта, додека спасувачите ги интензивираа напорите за потрага по исчезнати лица.

Loading...

„Пет тела беа пронајдени на осмиот кат. Не успеавме да ги идентификуваме сите жртви“, изјави за новинарите началникот на Агенцијата за пожари и спасување на Западна Џакарта, Сјарифудин.

Тој додаде дека телата се пренесени во полициската болница за идентификација преку ДНК анализа, јави Ксинхуа, пренесе Танјуг.

Тој, исто така, потврди дека бројот на исчезнати лица е зголемен од осум на 14, бидејќи во меѓувреме повеќе лица пријавиле исчезнати членови на семејството.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нигерија: Армијата уби членови на Исламска држава

Пожарот на Глодок Плаза избувна во средата околу 21.20 часот по локално време во густо населената област во областа Тамансари.

Наводно, во моментот на пожарот во трговскиот центар имало многу посетители.

Противпожарната служба на градот распореди повеќе од 40 противпожарни возила и 200 пожарникари за да го изгаснат пожарот.