Откако постои свеста на човекот дека ништо не е вечно, постојат и предвидувања за тоа кога на животот на Земјата ќе му дојде крајот.
На секои две години, во последните два века разни „пророци“ ширум планетата го предвидуваат крајот на светот.
Некои од тие предвидувања ги натерале луѓето без оглед на се да бегаат на „светата планина“ во намера да го преживеат судниот ден. Крајот на цивлизацијата и животот на Земјата а најавуван многу пати, а освен масовната хистерија и профитирање на бројни теоретичари на заговори не се случи ништо друго.
Еве неколку предвидувата за “денот Д“ кои предизвикаа најмногу паника досега.
ОВА НЕ Е НОРМАЛНО: Што знаат Гугл и Фејсбук за секого од нас?
Loading...
Култот „Вратата на рајот“ 1997. година
Кога „Хејл боп“ кометата се појавила на небото во 1997 година, многумина верувале дека неа ја следат инвазија вонземјани кои НАСА и другите моќници ги кријат од широките народни маси. Оваа тврдење уште повеќе го засилиле медиумите со радио преносот, што довело до тоа припадниците на култот „Вратата на пеколот“ од Сан Диего, да направат 39 самоубиства на 26. март 1997. година, верувајќи дека на светот му дошол крајот.
Нострадамус, август 1999. година
Многумина веруваат дека причината што Нострадамус ја назначил оваа година за крајот на светот всушност е во бројот „999“, односно три свртени шестици кои најавуваат доаѓање на јавачите на Апокалипсата.
„Кон крајот на осмиот месец, 1999 година, од небото ќе се спушти кралот Терор“, напишал Нострадамус во своите записи, а многу теоретичари на заговори веруваат дека овој настан го најавува крајот на светот.
01.01.2000 година
Многу теоретичари, кои ја пропагираа идејата за крајот на светот, веруваа дека со доаѓањето на новиот милениум ќе дојде и крајот на светот. Во 1910. година се верувало дека во 2000. година, роботи ќе ја заземат планетата, а нас ќе не прогонат или истребат.
Пророштвото на Харлод Кампинг, мај 2011. година
Се работи за водителот Харолд Кампинг кој привлече внимание на светските медиуми кога во една од своите емисии рече дека крајот на светот ќе настапи на 21. мај 2011. година и дека тоа ќе биде проследено со природни непогоди долж целата планета, кои ќе траат до 21. октомври 2011. година, кога конечно на светот ќе му дојде крајот.
Во 2017 ќе го доживеме крајот на светот, а за тоа докази има и во Библијата
Пророштвото на Маите, 21. декември 2012. година
Според календарот на Маите, 21. декември 2012. година преставуваше крај на „големиот циклус“.
Со оглед на тоа колку цивилизацијата на Маите била напредна, многумина сметале дека овој настан означува крај на светот. Во рамките на предвидувањата за крајот на светот, се нашле и разни теории како тоа ќе се случи. Од судир на планетата Земја со новата планета Нибиру, преку израмнување на планетата кое ќе придизвика промена на магнетните полови и елементарни непогоди, до соларни удари кои ќе избришат се од лицето на Земјата.