Пет пожари вчера биле регистрирани на подрачјето на Куманово и околината, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Првата интервенција била вчера на пожар во угостителски објект лоциран на улицата „Професор Михајловиќ“ каде се запалила фритез во кујна. Во период од 09:35 до 10:05 часот интервенирале петмина пожарникари на ТППЕ Куманово.
Во м.в. Стари лозја кај репетиторите вчера горела сува трева при што во период од 16:15 до 18:30 часот интервенирале четворица пожарникари со две противпожарни возила.
Сува трева и стрниште гореле и во атарот на селото Тромеѓа каде од 16:05 до21:45 часот интервенирале тројца пожарникари.
И во атарот на селото Романовце гореле сува трева и стрништа. Таму тројца пожарникари гаснеле од 18:20 до 21:35 часот.
Во атарот на Агино село вчера од 23:05 до 02:05 часот утринава, четворица пожарникари гаснеле запалено стрниште.
Никола Ивановски