Пет екипи гаснеле пожар од Агино село преку Брзак до Романовце

Сподели со своите пријатели

Сува трева горела покрај пругата вчера на потегот од кумановските села Агино село преку Брзак па се до Романовце.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на денот дури пет екипи учествувале во негово гаснење.

– Во вечерните часовио со две противпожарни возила со седум пожарникари работеа на догаснување на опожарени стрништа во атарот на селото Агино Село, додаваат од РЦУК.

Пожарот бил локализиран и завршен во 22:40 часот кога и пожарниакрите се вратиле во својата единица.

Никола Ивановски