Песков: Русија никогаш не се мешала и нема намера да се меша во процесите во САД

Сподели со своите пријатели

Русија никогаш не се мешала и нема намера да се меша во внатрешните политички процеси на Соединетите Американски Држави, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

Тој за ТВ Звезда изјави дека тоа е работа на американските гласачи, пренесува РИА Новости.

Песков изјави дека насилството за време на предизборната кампања во САД го загрижува целиот свет, вклучително и Русија.

„САД се земја со најголема економија во светот, најмоќна земја во воена смисла, која троши огромна сума пари на Министерството за одбрана, повеќе од другите земји заедно“, рече Песков.

Според него, кога насилството ќе почне да доминира на домашната политичка сцена во таква земја, тогаш тоа е прашање што го загрижува целиот свет, вклучително и Русија.