ПЕСКОВ: Русија ја гарантира безбедноста на мисијата на МААЕ

Сподели со своите пријатели

Русија ќе ја гарантира безбедноста на мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во областите контролирани од руските сили околу нуклеарната централа Запорожје во близина на градот Енергодар, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

– Сè уште веруваме дека сите земји треба да продолжат да вршат притисок врз Украина да престане да го загрозува европскиот континент со гранатирање на територијата околу СИ Запорожје – нагласи Песков, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека мисијата на МААЕ ќе дојде на територијата до нуклеарната централа Запорожје преку зоната што ја контролира украинската армија.

– Знаете дека влезот на територијата околу нуклеарната централа е можен од областа под контрола на украинската армија. Затоа, како што разбрав, Украинците ќе обезбедат безбедност од таа страна – рече Песков.

Песков рече дека Русија долго ја чекала оваа мисија и работела на подготовка на пристигнувањето на луѓето од МААЕ.

– Сметаме дека нивната мисија е важна – рече Песков.

Руската и украинската страна со денови разменуваат обвинувања за гранатирањето на најголемата нуклеарна централа во Европа, која се наоѓа на југот на Украина на левиот брег на реките Днепар.

Нуклеарната централа е под контрола на руските сили од март, а таму работи украински персонал.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.