Песков: Неопходно е да се ослободи целата територија на ДНР

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека целта за ослободување на целата територија на самопрогласената Доњецка Народна Република во нејзините граници од 2014 година сѐ уште важи.

Loading...

„Најмалку што можам да кажам со апсолутна јасност е дека сите добро знаете дека целата територија на Доњецката Народна Република не е ослободена. Овде зборуваме за територијата во нејзините граници од 2014 година. Затоа е неопходно да се ослободи целата територија“, одговори Песков на новинарското прашање дали специјалната операција ќе продолжи откако Русија ќе го потпише документот за пристапување на нови региони, пренесе агенцијата ТАСС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Песков потсети дека целата територија на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) е веќе ослободена.

Тој рече дека комуникацијата на рускиот претседател Владимир Путин со лидерите на ДПР и ЛНР, Денис Пушилин и Леонид Пашечник, ќе се одржи на еден или друг начин и дека сѐ уште се разработуваат конкретни планови за нивната средба.

Проруските власти во четири региони на Украина под контрола на Москва вчера објавија дека огромното мнозинство жители гласале за приклучување кон Руската Федерација, по пет дена гласање на референдумот што Киев и западните лидери го отфрлија како „фарса“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.