Песков: Нема дијалог меѓу Кремљ и администрацијата на Бајден

Сподели со своите пријатели

Во моментов нема дијалог меѓу Кремљ и администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, изјави денеска портпаролот Дмитриј Песков.

Loading...

Одговарајќи на новинарско прашање дали се уште постои комуникација со американската администрација преку некој од претходно воспоставените канали, Песков посочи дека станува збор за „ситуациона комуникација, која тешко може да се нарече дијалог“, пренесува РИА Новости.

Тој напомена дека има само „релевантни“ канали за комуникација, но не даде повеќе детали.