Песков: Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на рускиот Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Црното Море треба да остане „море на соработка“ за крајбрежните држави и рече дека тоа никогаш нема да биде море на НАТО.

Loading...

Песков во Москва ја коментираше неодамнешната изјава на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој рече дека Црното Море треба да биде НАТО море како Балтичкото Море.

„Црното Море е заедничко море за сите крајбрежни држави. Тоа мора да биде море на соработка, интеракција и безбедност. Мора да има и неделива безбедност“, рече Песков.

Истакнувајќи дека изјавите на Кулеба содржат противречности, Песков рече дека Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.