Перу: Во регионот Пуно воведен полициски час

Сподели со своите пријатели

По насилните протести во областа Пуно во југоисточниот дел на Перу, во кои загинаа најмалку 17 лица, владата на земјата нареди полициски час, објави перуанскиот премиер Алберт Отароли.

Loading...

Полицискиот час, кој трае од 20:00 до 04:00 часот по локално време и ќе биде во сила три дена, потврди Отароли, пренесе Ројтерс.

Повеќе од 68 лица се повредени во градот Јулијака, местото на последниот и еден од најтешките судири меѓу полицијата и приврзаниците на поранешниот претседател Педро Кастиљо, кој минатиот месец беше уапсен поради обид за распуштање на Конгресот.

Поддржувачите на поранешниот претседател бараат новата претседателка на државата Дина Болуарте да поднесе оставка и да се распишат предвремени избори.

Перу со години е во политички превирања, а последната криза дојде откако Кастиљо минатиот декември објави дека го распушта Конгресот и воведува вонредна состојба, но Конгресот со големо мнозинство гласаше за негово отповикување.

Кастиљо моментално е во притвор и под истрага под обвинение за бунт и заговор.