САД ќе ѝ помагаат на Украина да се брани од руската агресија сè додека е потребно, но руската моќ е сè уште голема и изгледите за непосредна воена победа не се големи, изјавија во средата највисоките американски воени лидери, додавајќи дека Киев е тој што ќе одреди кога и како да се преговара со Москва.
„Украина ќе продолжи да се спротивставува. Украина нема да се повлече“, изјави во Вашингтон генерал Марк Мили, началник на Здружениот Генералштаб, додавајќи дека Украина е слободна и „сака да остане слободна“.
И Мили и министерот за одбрана Лојд Остин изјавија дека САД ќе ја поддржат Украина „се додека е потребно“.
Мили ја минимизираше можноста за каква било непосредна, директна воена победа за Украина, предупредувајќи дека Русија сè уште има значителна борбена моќ во Украина и покрај воените неуспеси што ги претрпе.
„Веројатноста за украинска воена победа – дефинирана како протерување на Русите од цела Украина вклучувајќи го и Крим – веројатноста тоа да се случи наскоро не е голема, воено“, рече Мили на заедничката прес-конференција со Остин.
Сепак, тој смета дека е можно политичко решение. Остин рече дека Украина сама ќе одлучи кога е вистинското време за преговори.
Според Мили, Украинците треба да продолжат да вршат притисок врз Русите, но доаѓа зима и студ, па воените операции природно ќе се забават.
Остин се согласи дека ќе има забавување, но рече дека доаѓањето на зимата не значи дека Украинците ќе престанат да се борат.
Тој исто така рече дека американски експерти се на терен и помагаат во истрагата за експлозијата во Полска.
Во вторникот, во селото Пржеводов, на истокот на Полска, во близина на границата со Украина, две лица загинаа во ракетна експлозија, која предизвика тревога низ целиот свет, бидејќи проектилот паднал врз членка на НАТО, која смета дека е нападнат една членка како напад на целата Алијанса.
Полска и НАТО алијансата рекоа дека најверојатно станува збор за залутана украинска ракета за воздушна одбрана, а не за руски напад, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски инсистира дека експлозијата не била предизвикана од украинска ракета.
Остин рече дека САД сè уште собираат информации, „но не видовме ништо што би противречи“ на сугестијата на НАТО и Полска дека најверојатно паднала украинска ракета за воздушна одбрана.
Мили рече дека по инцидентот во Полска имало неуспешни обиди за комуникација со руската страна.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.