Поранешниот претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, демократката Ненси Пелоси, неодамна му рече на претседателот Џозеф Бајден дека анкетите покажуваат дека претседателот не може да го победи републиканскиот ривал Доналд Трамп.
Таа, исто така, посочи дека Бајден би можел да ги уништи шансите на демократите да го добијат Претставничкиот дом, ако продолжи со кампањата за втор мандат, потврдија четири извори запознаени со овој разговор, според Си-Ен-Ен.
Според еден извор, американскиот претседател се спротивставил на овој став, велејќи ѝ на Пелоси дека видел анкети кои покажуваат дека таа може да победи, а друг извор го опиша Бајден како „одбранбен“ во однос на анкетите.
Во еден момент, се вели дека Пелоси го прашала Мајк Донилон, долгогодишен советник на Бајден, да се вклучи во разговорот за податоците од анкетите.
Ниту еден извор не потврди дека Ненси Пелоси му кажала на Бајден во разговорот дека верува дека претседателот треба да се откаже од трката во 2024 година.
„На претседателот е да одлучи дали ќе се кандидира. Сите го охрабруваме да ја донесе таа одлука бидејќи времето истекува“, рече Пелоси минатата недела, пренесе Танјуг.