Пекинг ги затвори градинките и училиштата по прогнозата за снежни врнежи

Сподели со своите пријатели

Кинеските власти денеска во Пекинг ги затворија детските градинки, како и основните и средните училишта, откако се предвидуваа обилни снежни врнежи.

Loading...

Државната метеоролошка агенција издаде жолто предупредување за снежна бура, предвидувајќи обилни врнежи од снег на северот од земјата, јавува Анадолија.

Националниот метеоролошки центар предупреди дека интензивни снежни врнежи и замрзнат дожд ќе погодат неколку провинции.

Метеоролошката агенција прогнозира дека температурите во поголемиот дел од Кина до сабота би можеле да се намалат за осум до 12 степени целзиусови поради студениот бран.