Педро Санчез ќе сведочи во случајот за корупција против неговата сопруга

Сподели со своите пријатели

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска се согласи писмено да сведочи во случајот за наводна корупција и трговија со влијание врз неговата сопруга Бегоња Гомез.

Loading...

Санчез се согласи откако беше објавено во понеделникот дека истражниот судија Хуан Карлос Пеинадо ќе оди во палатата Монклоа, официјалната резиденција на шпанскиот премиер, на 30 јули.

Во писмото испратено до судот во Мадрид, до кое агенцијата Ефе имала пристап, Санчез истакнува дека за наредбата на судијата со која го повикал да сведочи во понеделник дознал преку медиумите.

Премиерот наведува дека е подготвен да „соработува со спроведувањето на правдата, секогаш во рамките на строго почитување на шпанскиот Устав и законот што не обврзува сите нас и е максимална гаранција за нашето владеење на правото“.

Тој во писмото напомена дека поради функцијата претседател на Собранието потребно е да сведочи во писмена форма.

Санчез изјави дека не се сомнева оти судијата ќе покаже почит кон уставната и правната рамка на Шпанија, а со тоа и кон она што е определено со Законот за кривична постапка во однос на институцијата премиер.

Сопругата на шпанскиот премиер минатата недела го искористи правото да не сведочи пред судот во Мадрид за наводна корупција и трговија со влијание.

Шпанскиот суд во април започна прелиминарна истрага за тоа дали Гомез извршила кривично дело трговија со влијание и корупција во текот на нејзиниот приватен бизнис.

Loading...

Судот не даде дополнителни детали бидејќи случајот е запечатен и прелиминарен, само рече дека тоа следело по жалбата на антикорупциската група Чисти раце, чиј лидер има врски со екстремната десница, објави Ројтерс.

Групата тврдеше дека Гомез го искористила своето влијание како сопруга на премиерот за наводно да обезбеди спонзори за магистерски курс на универзитетот што го водеше.

Откако обвиненијата прво беа објавени во јавноста, Санчез размислуваше да поднесе оставка, но по неколку дена најави дека ќе ја задржи функцијата.