Педро Санчез денеска во Валенсија, регионот најтешко погоден од поплавите

Сподели со своите пријатели

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска ќе замине во Валенсија, регионот најтешко погоден од тековните поплави во земјата, во кои загинаа најмалку 95 луѓе.

Loading...

Тој изрази сочувство до семејствата на настраданите и најави поддршка од Владата за санирање на последиците од поплавите.

Санчез рече дека Шпанија ќе ја пружи сета можна помош, а доколку е потребно помош ќе пружи и ЕУ.

Во регионот на Валенсија во моментов без струја се околу 155.000 потрошувачи, пренесува RTVE.

Владиниот делегат во Валенсија, Пилар Бернабе, предупреди дека бројот на жртвите се очекува да се зголеми, додека воената единица за итни случаи распореди повеќе од 1.000 лица во регионот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Турски министер за трговија: На Анкара ѝ е понудено да стане партнер на БРИКС

Цивилната гарда соопшти дека распоредила 750 агенти и извршила 2.500 спасувачки операции.

Властите, исто така, соопштија дека судската палата во градот Валенсија била претворена во привремена мртовечница поради очекуваниот пораст на жртвите.

Во средата шпанската влада прогласи тридневна жалост за жртвите од поплавите.

Loading...

Властите потврдија дека 92 лица загинале во провинцијата Валенсија, едно во провинцијата Малага и две во Кастиља-Ла Манча, објави Ел Паис.

Во Кадиз на сила е црвен метеоролошки аларм поради опасност од поплави, а во Валенсија поплавите и одроните однесоа патишта, згради и автомобили.

Започнува процесот на рехабилитација и идентификација на жртвите“, соопштија денеска локалните власти. Поплавите предизвикаа големи прекини во железничкиот и воздушниот сообраќај низ јужна и источна Шпанија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малага евакуира илјадници луѓе, издадени нови предупредувања за поплави

„Се соочуваме со ситуација без преседан“, изјави денеска на новинарите шефот на регионалната влада на Валенсија, Карлос Мазон, пренесува Танјуг.