Нивото на реката Пчиња е далеку под просекот за овој период од годината покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
Според мерењата направени утринава во 7:30 часот во атарот на селото Пелинце, водостојот на Пчиња изнесувал само 18 сантиметри.
Тоа е далеку под просекот за овој период кој во изминатите години изнесувал 47 сантиметри.
Истиот водостој се задржал во текот на целата измината недела.
Никола Ивановски