Патријархот Вартоломеј: Руската црква нѐ разочара

Сподели со своите пријатели

Вселенскиот патријарх Вартоломеј за телевизијата ЕРТ изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква со поддршката за нападот врз Русија.

Loading...

Војната во Украина, Москва, на чело со Владимир Путин, ја нагласува тезата дека се работи за „специјална воена операција“ која е покрената за да се спречи геноцид во регионот на Донбас.

Путин исто така истакнува дека украинските цивили ги пречекале руските војници.

 

Зеленски: Ситуацијата во Донбас е исклучително тешка, подготвен сум директно да разговарам со Путин

 

Претседателот на Русија во неколку наврати изјави дека операцијата била неизбежна, бидејќи САД ја искористиле Украина за да и се закануваат на Русија.

Рускиот патријарх Кирил ја поддржал акцијата во Москва, а неговата позиција се проширила низ Православната Црква. Освен тоа, тој ги нарече противниците на Москва во Украина „сили на злото“ кои сакаат да го уништат историското единство на двете земји.

Loading...

Од друга страна, експертите велат дека коментарите на Кирил даваат увид во пошироката духовна визија на Путин за враќање во Руската империја, во која христијанската религија игра важна улога.

 

ПАПАТА ПОРАЧА: Време е да се каже „доста“ за неселективна продажба на оружје

 

По повод ставот на Кирил се огласи и папата Франциск, кој го предупреди поглаварот на Руската православна црква да не биде „помошник на Путин“.

Светскиот совет на црквите побара од патријархот Кирил да „интервенира и посредува“ за запирање на војната, објави Ројтерс.

Во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ во вторникот вечерта, Ватроломеј рече дека очекува Кирил да се спротивстави на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина и да поднесе оставка, доколку е потребно.

 

Loading...

ОН: Околу еден милион авганистански деца се неухранети

 

„Не е невозможно сите цркви да не го осудуваат насилството, војната. Руската црква нѐ разочара. Не сакав Руската црква и братот патријарх Кирил да бидат овој трагичен исклучок. Не знам како може да се оправда пред својата совест“, рекол Вартоломеј, а пренесуваат медиумите.

Тој рече дека очекува Кирил да застане во клучен, историски момент и дека ако треба ќе ја жртвува својата позиција, да му каже на Путин „Господине претседателе, не се согласувам со вас, поднесувам оставка“.

На самиот почеток на војната, духовниот водач на православните христијани, вселенскиот патријарх Вартоломеј I, ја осуди руската инвазија на Украина, опишувајќи ја како брутален чин што предизвикува големи страдања.