Диркеторите на Светската банка одобрија заем од 83 милиони евра. Пари наменети за Проектот за надградба и развој на патиштата низ Република Македонија.
Loading...
Како што пренесува порталот РСЕ, целта на проектот ќе биде да се подобри транспортната поврзаност корисниците на патиштата долж Коридорот 8 помеѓу Скопје и граничниот премин Деве Баир, како и да го подобри управувањето со средства и планирањето на Јавното претпријатие за државни патишта.
Проектот за надградба и развој на патиштата е финансиран од Меѓународната банка за реконструкција и развој (ИБРД) преку заем во износ од 83 милиони евра со рок на доспевање од 28 години, вклучително и 8 години грејс период.