Пашинјан: Ерменија не учествуваше во изготвувањето на текстот за прекин на огнот во Карабах

Сподели со своите пријатели

Жителите на Ереван се собираат во близина на зградата на владата по извештаите за договорот за Карабах.

Loading...

– Ерменија не учествуваше во изготвувањето на текстот за прекин на огнот во Карабах, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

„Од официјалните информативни страници на Нагорно-Карабах дознаваме дека властите на Нагорно-Карабах го прифатиле предлогот на командата на рускиот мировен контингент за прекин на огнот. Запознаени сме со текстот. Република Ерменија не учествуваше во формирањето на овој текст и не беше учесник во дискусиите“, рече Пашинјан во видео пораката.

Со посредство на руските мировници, властите во Нагорно Карабах го прифатија предлогот за 11-часовен прекин на огнот, соопштија властите.