Советот на Општина Куманово на вонредна седница денеска донесе одлука да додели парична помош за загинатите и повредените во пожарот во Кочани.

По едноминутно молчење, во знак на почит кон настраданите во дискотека во Кочани, едногласно беше усвоена Предлог – Одлуката за доделување на парична помош од буџетот на Општината.

Вкупно два милиони денари издвои општина Куманово, по еден милион за семејствата на загинатите и еден милион за повредените во трагичниот настан.

Никола Ивановски

