Преку системот за тревога јапонскиот град Гамагори предупредува да не се купуваат и консумираат пакетите со рибата фугу, бидејќи во продажба во еден супермаркет се нашле пет риби на кои не им е изваден отровниот црн дроб.
Супермаркетот во Гамагори во централниот дел на Јапонија продал пет пакети од рибата фугу од кои не биле отстранети црните дробови, дел од рибата кој содржи најмногу отров тетродоксин.
Три потенцијално смртоносни примероци се пронајдени, но уште два не се лоцирани, пренесуваат локалните власти.
Рибата фугу е еден од најскапите јапонски деликатеси. Може да биде смртоносна по луѓето поради отровот тетродоксин, кој се наоѓа во црниот дроб, јајниците и кожата.
Тетродоксинот содржи инхибитори за проток на натриум кои првин доведуваат до мускулна, а потоа и целосна парализа.
И покрај тоа што жртвата во почетокот е свесна, престанокот на мускулната функција конечно доведува и до престанок на дишењето у гушење.
Противотров не постои а луѓето кои ќе го внесат овој отров можат преку вештачко одржување на респираторниот и кардиоваскуларниот систем да се одржуваат во животот, додека отров не мине низ телото.