Со палење свеќи и свечена литургија денеска во Соборниот храм „Св. Никола“ во Куманово се одржа панихида во чест на осумте припадници на безбедносните структури на Република Македонија кои на овој ден минатата година ги изгубија своите животи бранејќи го Диво насеље, но и државата од терористичкиот напад.
Loading...
[huge_it_gallery id=”358″]
Во организација на граѓани од населбата голем број кумановци, како и припадници на сите политички партии дојдоа да им одадат чест на бранителите на Куманово.
Осум мајки и татковци, осум жени и деца, осум браќа и сестри, сум фамилии, цела Македонија остана завиена во црно. Се собравме овде без разлика на верска, партиска и анционална припадност заедно сплотени да покажеме дека секогаш ќе бидат во нашите срца и дека вечно ќе ги паметиме – вели Миле Петларски, граѓанин на Диво насеље.
Петларски истакна дека на оваа мало парче земја има место за сите нас, без разлика на верата и националноста и истакна дека треба да научиме како да живееме во заедништво и слога.
Јас сум точно на улицата Абдула Прешеви, беше многу незгодно и лошо за народот и целата операција се одвиваше во нашата улица. Многу луѓе се потресени, не дај боже на никој тоа да му се случи и да се повтори. Нема промбели со содите, и со Албанците и со нашите. Ден денес убаво живееме, никогаш немало проблеми – изјави Љупчо Гиевски, жител на Диво насеље.
Според организаторите панихидата традиционално ќе продолжи да се организира и во следните години, со цел истата да прерасне во традиција.