Палестина го поздрави гласањето на ОН за израелската окупација

Сподели со своите пријатели

Палестинците ја поздравија одлуката на Генералното собрание на ОН да побара мислење од Меѓународниот суд на правдата (МСП) за правните последици од израелската окупација на палестинските територии.

Loading...

МСП, со седиште во Хаг, е суд на ОН кој решава спорови меѓу државите. Пресудите на судот се обврзувачки, иако МСП нема можност да ги спроведе.

Генералното собрание на ОН бара од МСП советодавно мислење за правните последици од израелската „окупација, изградба на населби и анексија (…) вклучувајќи мерки насочени кон промена на демографскиот состав и мислење за карактерот и статусот на Светиот град од Ерусалим“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Америка е подготвена да ја окупира Газа и да ја претвори во „блискоисточна ривиера“

Исходот од гласањето во петокот на Генералното собрание претставува предизвик за новиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој ја презеде функцијата во четвртокот како шеф на десничарската влада која вклучува партии кои се залагаат за анексија на окупираните територии на Западниот Брег.

„Победа на палестинската дипломатија“

„Дојде време Израел да биде држава која подлежи на законот и да одговара за злосторствата врз нашиот народ“, изјави Набил Абу Рудеине, портпарол на претседателот Махмуд Абас. Израелските власти се уште не ја коментираа одлуката на Генералното собрание, но претставникот на Израел во ОН Гилад Ердан го осуди однапред најавеното гласање.

Високиот палестински функционер Хусеин ал Шеик напиша на Твитер дека исходот од гласањето „ја одржува победата на палестинската дипломатија“. За изјавата на МСП гласаа 87 членки на Генералното собрание на ОН, против гласаа 25 членки, вклучително и САД, а 53 беа воздржани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анталија: Автобус излега од патот, неколку загинати и повредени

Израел ги освои Западниот Брег, Газа и Источен Ерусалим во Шестдневната војна во 1967 година против Египет, Јордан, Сирија и Ирак. Израел се повлече од Појасот Газа во јануари 2009 година. Палестинците имаат ограничена власт на Западниот Брег, а меѓународната заедница не ја признава анексијата на Источен Ерусалим.

Еврејските населби изградени во таа област повеќето земји ги сметаат за нелегални, додека Израел се осврнува на историските и библиските врски со таа област и укажува на важноста на безбедносното прашање за еврејската држава.

Loading...