Пакистан распореди војска поради немирите по апсењето на поранешниот премиер

Сподели со своите пријатели

Војници беа распоредени во главниот град на Пакистан во четвртокот, откако апсењето на поранешниот премиер Имран Кан предизвика дводневни насилни протести на неговите приврзаници.

Loading...

Кан беше притворен осум дена во средата под обвинение за корупција, по повеќемесечната политичка криза во која соборениот лидер водеше кампања против моќната армија.

Апсењето на Кан ги разбесни приврзаниците на неговата пакистанска партија Техрик-е-Инсаф (ПТИ), кои се судрија со безбедносните сили во неколку градови и маршираа до армискиот штаб.

Поддржувачите на поранешниот премиер ја обвинуваат војската дека го организирала соборувањето на Кан во април минатата година, но војската негира каква било вмешаност.

– Ако мислат дека апсењето на Имран Кан ќе не деморализира, тогаш многу се лажат – рече еден од учесниците на протестот, Нијаз Али, во средата во Пешавар, каде беа запалени неколку споменици и владини згради.

– Ние сме со Имран Кан и ќе го поддржуваме до смрт – порачаа тие.

Најмалку седум функционери од централното раководство на ПТИ се уапсени и приведени, обвинети за организирање протести, соопшти рано во четвртокот полицијата во Исламабад.

Владата во средата го одобри распоредувањето на армијата во две провинции, вклучувајќи го и Пенџаб, најнаселената, и главниот град за да се врати редот.

Loading...

Полицијата во Исламабад соопшти дека војниците веќе влегле во чувствителната „црвена зона“ на главниот град каде се наоѓаат владините згради.

Најмалку шест лица загинаа во инциденти поврзани со протестите, објавија полицијата и болниците.

Стотици полицајци се повредени, а повеќе од 2.000 луѓе се уапсени низ целата земја, главно во провинциите Пенџаб и Хајбер Пахтунхва, соопштија полициските сили.