Падна владата во Франција: Премиерот Барние денеска поднесува оставка, Макрон ќе се обрати на нацијата

Сподели со своите пријатели

На француската влада на премиерот Мишел Барние синоќа со мнозинство гласови и беше изгласана недоверба на парламентот, по што Барние денеска ќе поднесе оставка до претседателот Емануел Макрон, кој вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата.

Loading...

Како што пренесува „Фигаро“, по „историското гласање за недоверба“, Барние денеска во 10 часот ќе поднесе оставка од Макрон, додека телевизиското обраќање на шефот на државата до нацијата е планирано за 20 часот, соопшти Елисејската палата.

Од опкружувањето на Макрон не прецизираа кога тој ќе назначи нов премиер, но неколку извори блиски до претседателот наведуваат дека тој има намера тоа да го направи брзо, можеби дури и вечерва, пишува денеска парискиот весник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО: Осум лица починаа во Танзанија, најверојатно од вирусот Марбург

Како можни кандидати за нов премиер, „Фигаро“ го наведува лојалниот соработник на Макрон Себастиен Лекорни, министер за вооружени сили, потоа центристички ориентиран висок комесар за планирање и претседател на Демократското движење (МО) Франсоа Беру, поранешниот премиер Бернар Казнев. и министерот за внатрешни работи Бруно Ретахо.

По вчерашното гласање за недоверба во парламентот, владата на Барние стана првата која се соочи со гласање недоверба од 1962 година, кога на чело на владата беше Жорж Помпиду.

За недоверба на владата на премиерот Барние гласаа 331 пратеник, додека неопходното мнозинство беше 289 гласа.

Левичарските и екстремно десничарските парламентарни групи во францускиот парламент во понеделникот поднесоа барање за недоверба на владата, откако премиерот Барние одлучи да го искористи членот 49.3 од францускиот Устав за да го принуди усвојувањето на буџетските мерки без гласање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 1.000 полицајци го апсеа јужнокорејскиот претседател во неговата резиденција

Барние ќе биде принуден да поднесе оставка по само два и пол месеци на чело на владата.

Loading...

Барањето за гласање доверба на Владата го поднесе Новиот народен фронт (НФП), левичарска коалиција во која се социјалистите, Зелените, крајната левица и Комунистичката партија.

Лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен изјави дека притисокот врз Макрон расте, но дека таа не бара негова оставка, нагласувајќи дека само Макрон може да одлучи за тоа.

Претседателот Макрон, кој моментално е во посета на Саудиска Арабија, вчера ја отфрли идејата за негова можна оставка, со оценка дека повиците за негова оставка претставуваат „политика на фикцијата“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган ги повикува сите земји да ги „држат рацете подалеку“ од Сирија, оти Турција ќе ги уништи терористите