Пад на цените на нафтата на светскиот пазар: Повторно се зависи од Кина!

Сподели со своите пријатели

На светските берзи минатата недела цената на нафтата падна за повеќе од три отсто бидејќи стивна стравот од прекини на производството на Блискиот исток и затоа што следната година се очекува зголемена понуда.

Loading...

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 3,1 отсто, на 72,94 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 4,8 отсто, на 68,00 долари.

По порастот од околу шест отсто минатата недела, цените вратија дел од минатонеделните добивки, бидејќи стравувањата од прекин на производството и снабдувањето на Блискиот Исток се намалија.

Имено, во средата стапи на сила договорот меѓу Израел и либанскиот Хезболах за прекин на огнот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Папата се надева дека „Јубилејната година“ на Католичката црква ќе донесе примирје во конфликтните зони

Сепак, аналитичарите се претпазливи.

„Вистинското прашање е колку долго (примирјето) ќе се почитува“, вели Денис Кислер од BOK Financial.

На цената на нафтата негативно влијаеше извештајот на американското Министерство за енергетика, според кој залихите на бензин во САД значително пораснале минатата недела. Аналитичарите очекуваа дека ќе остане на нивото од претходната недела, па податоците предизвикаа загриженост за она што изгледаше како послаба побарувачка.

Покрај тоа, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) проценува дека следната година понудата би можела да ја надмине побарувачката за приближно 1 милион барели дневно, пред се поради очекуваната послаба побарувачка во Кина.

Loading...

Од друга страна, идната година се очекува зголемување на производството во САД, Канада и некои други земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тројца мртви во масовно труење на Филипините: Изеле загрозен вид и завршиле во болница

Поради сето ова, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници го одложија редовниот состанок од 1 до 5 декември.

Извори од таа група велат дека на средбата треба да се разговара и за новото одложување на претходно најавеното зголемување на производството од почетокот на следната година.