Овој мајмун не сака банани, ама затоа пие гориво (видео)

Сподели со своите пријатели

Група мотоциклисти од Тајланд, кои работат како трговци во градот Панипат во Индија, пријавиле кражба на поголема количина гориво од нивните мотоцикли.

Шимпанза која пуши цигари е ѕвезда во зоолошката градина (фото)

Loading...

Она што се испоставило по завршување на истрагата е дека горивото од мотоциклите им го крадел, ни помалку ни повеќе, мајмун зависник од бензин.

Мајмунот сам ги померил цевчињата за гориво и пиел бензин. Мотоциклистите тврдат дека мајмунот седел мирно покрај мотоциклите и си пиел од нив.

МАЈМУНСКА РАБОТА: Бабун се заиграл, па оставил 50.000 луѓе без струја

– Очигледно е зависник од бензин. Мајмунот одбива да јаде банани и друго овошјо ако некој му понуди, изјавил Гаурав Лека, кој инаку работи како водач на организација за заштита на животните во градот.

Трговците велат дека мајмунот престанал да пие бензин од нивните мотоцикли откако неколку пати го прогонувале по паркингот.