Ова се зимските топ дестинации за патување

Сподели со своите пријатели

На самиот врв на листата топ пет зимски дестинации, која ја составил „ US News Travel“ се наоѓа градот со карактеристичка холандска архитектура, канали и мостови – Амстердам. Тоа исто така е и град на дијаманти, сирење и кафе шопови.

Loading...

Веднаш зад Амстердам се наоѓа и Цирих. За сите љубители на чоколадо, сирење и часовници Швајцарија и Цирих се вистинскиот избор. Покрај тоа швајцарските Алпи се „рај на земјата“ за многу љубители на скијањето и сноубордингот.

На третата позиција на споменатиот избор се наоѓа и австрискиот град Инзбурк. Овој град е опкружен со планини и во зима добива посебен магичен изглед. Љубителите на шопингот и зимските аткивности сигурно ќе уживаат во одморот.

За четврта локација на „US News Travel“ е предложен градот на замоци и катедрали, Салзбург. Во градто се чувствува атмосферата на Моцарт и хајден. Историскиот центар на Салзбург – Алтстадт поради својата комбинација на уметност и архитектура е сместен на листата на заштита од страна на УНЕСКО во 1996 година.

Во топ пет дестинации се наоѓа и Виена, за која многумина зборуваат дека е европскиот центар на култура. Историскиот центар на градот – Иннер Стадт е сместен на листата на заштита од УНЕСКО поради бројни археолошки споменици, посебно баркотни палати и паркови, каок и поради монументалните палати на Рингстрасе од 19 век. Виена в текот на зимата е исполнет со туристи, а резервации за сместување често се неопходни.