Денеска и двајцата имаат активна улога во борбата против терористите од Исламската држава, а ова се по десет работи кои можеби и не сте ги знаеле за најголемите владетели на модерното време.
Да започнеме со Барак Обама
- Детинството во Индонезија
Иако како место на негово раѓање е наведен Хонолулу, Барак Обама поголем дел од своето детсво го поминал со мајката во Индонезија, од каде ги носи сеќавањата како јадел месо од змија, пржени скачки и се дружел со „мали уличари“.
- Политиката му е во гените
Малку е познато дека таткото на американскиот претседател, Барак Хусеин Обама бил поранешен советник во Министерството за финансии во Владата на Кенија. Во еден момент за малку не бил избран за министер за финансии.
- Пораснал без татко
Родителите на актуелниот претседател на САД се развеле кога тој имал само две години. Обама не се сеќавал на својот татко, што и самиот го признал во своите мемоари.
- Сакал да позира за календар
Додека студирал сакал да биде модел за календар, но жирито составен исклучиво од девојки едногласно кажало „НЕ“. Денеска можеби жалат.
- Освоил две „Греми“ награди
Верувале или не, Обама два пати ја освил светски познатата награда за два говорни албуми.
- Го обожава Мохамед Али
Легендарниот боксер е долгогодишен пријател на американскиот претседател, кој дури ја подржа и неговата кампања. Обама поседува пар црвени боксерски ракавици со потпис од светскиот шампион.
- Се уште активно игра кошарка
Во времето додека студирал, иако не бил доволно висок, Барак Обама бил активен и прилично ценет играч. Толку и бил верен на кошарката па тенискиот терен во Белата куќа го претворил во кошаркарско игралиште.
- Гледа само спортски вести
За разлика од многу политичари, Обама не се врзува за телевизорот кога има вести за да ги следи случувањата. Напротив, тој ги следи само спортските новости и како што вели тоа го прави смирен.
- Бил страствен пушач
Барак Обама бил познат како личност која да ја видите без цигара е скоро невозможно. Дури јавно на својата сопруга и вети во текот на кампањата во 2008 година дека ќе престане со оваа штетна навика, но не успеал. Сепак тука не се откажал од намерата, туку во 2011 конечно го оставил овој порок.
- Живее здраво
Обама не пие алкохол и кафе, туку со задоволство ужива во црн чај. Се храни прилично умерено и здраво, а сладоледот не го поднесува.
На ред се и десетте факти кои можеби не сте ги знаеле за претседателот на Русија, Владимир Владимирович Путин.
- Долг сон
Многумина се запрашале зошто претседателот на Руската Федерација често доцни на своите состаноци. Можеби одговорот се крие во фактот што Путин обожава да спие до доцна, а првиот оброк му е дури попладне.
- Пливање после појадок
После секој појадок тој оди на пливање затоа што со оваа активност најдобро размислувал. Хокеј, јавање и џудо му служат за други намени.
- Крстен
Владимир Путин е крстен тајно во Руската православна црква во ремето кога религијата во некогашниот СССР не била дозволена.
- За Путин Москва е „натрупана“
Птуин не живее во Москва, туку во резиденцијата во Сочи. Смета дека главниот град на Русија е премногу загушен и затоа работи од својата палата која е сместена надвор од главниот град.
- Студентски шампион
Сите знаат дек путин е одличен џудист. Има црн појас во оваа боречка вештина, а бил и првак на универзитетот на кој студирал во 1974 година.
- Бил радио водител
Дали можете да замислите Путин како разговара со слушателите на радио и пушта музика? Доколку вашиот одговор е „не“, тогаш грешите. Владимит Путин работел во училишна радио станица како водител и тонец и ги пуштал Битлси.
- Кај си царе?
Луѓето кои му се премногу блиски го нарекуваат цар, а претходно го нарекувале шефе.
- Интернет? Не, благодарам!
Првиот човек на најголемата федерација го мрази интернетот и смета дека е несигурен и делува збунувачки врз луѓето.
- Господин Адамов
Во 1985 година КГБ го испратил на тајна задача во Источна Германија каде живеел под името Господин Адамов.
- И тој живее здраво
Путин не пуши и ретко пие алкохол. Само кога, на пример Берлускони ќе му дојде во посета.