Ова се најпопуларните книги и автори на читателите во Куманово

Сподели со своите пријатели

Јавната општинска установа Библиотека „Тане Георгиевски“ ги објави најчитаните книги и автори за 2023 година.

Loading...

Статистичките податоци се врз основа на тоа колку пати книгите биле подигнати од библиотеката.

Така најчината книга во 2023 година меѓу кумановци била „Со љубов од Лондон“ од Сара Џио.

Сара Џио е американска новинарка и авторка со дури 11 бестселери на листата на Њујорк Тајмс. Дека е популарна меѓу кумановци зборува и фактот што и втората најпозајмувана книга од библиотеката е нејзина, а станува збор за „Улицата на бродовите“.

Трета најчитана книга лани бил романот „Клетва“ од српската авторка Јелена Бачиќ Алимпиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Старо Нагоричане: Колкава беше излезноста до 18:30 часот?

Следува „Прекрасната самотија“ од Кристин Хана и „Жената со сина ѕвезда“ од Пам Џеном, на четвртото, односно петото место.

Кога сме кај македонските книги, убедливо најпопуларни се романите на Мирјана Проданова и Верица Митева. По два наслови од овие авторки се нашле во 2023 година меѓу топ пет најчитани во кумановската библиотека.

Прво место го зазема романот на Проданова „Сите ја сакаат Марта“, додека „Сопругата на детективот“ е петта најчитана книга.

Loading...

На второ место е „Во војната и љубовта“ од Верица Митева, додека нејзиното дело „Нечесна игра“ е четвртата најпозајмувана книга.

Третото место го зазел романот „Мојот живот, моја судбина“ од Милијана Павловска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Позната излезноста во Куманово до 13 часот

Најпозајмувана лектира во детскиот оддел на библиотеката „Тане Георгиевски“ била „Доктор Офболи“ од Корнеј Чуковски, додека на возрасниот оддел тоа е лектирата „Сто години македонска драма“ од Раде Сиљан.

Кумановската библиотека бележи мал пад на бројот на читатели, а во текот на изминатата година книжевниот фонд бил збогатен за 3.565 единици. Вкупниот број на книги изнесува 242.341.

Никола Ивановски