Според истражувањето на британската компанија „Post office“, ова се најевтините туристички дестинации во Европа за 2015 година.
Градовите се рангирани на основа на вкупната цена на сместување во хотел со три ѕвездички, вечера за двајца во која е вклучено вино, пиење како кафе, како и тури разгледување и градски превоз.
Пред Мадрид, Берлин и Истанбул, кои се на 11, 12 и 13-то место, се наоѓаат следните најевтини градови за посета во оваа година:
10. Стразбург, Франција (233 евра)
9. Краков, Полска (199 евра)
8. Лисабон, Португалија (195 евра)
7.Прага, Република Чешка (195 евра)
6. Дубровник, Хрватска (191 евра)
5. Атина, Грција (180 евра)
4. Талин, Естонија (180 евра)
3. Рига, Летонија (165 евра)
2. Будимпешта, Унгарија (165 евра)
1. Вилнус, Литванија (137 евра)