Ова гратче е прогласено за најубаво на светот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Магазинот за патувања Conde Nast Traveler објави листа на 50 најубави мали гратчиња во светот.

Loading...

Листата вклучува различни делови од светот, од Бразил, Канада, Словенија до Јапонија.

 

фото: Wikimedia

 

Списокот го направиле нивните уредници, а она што особено им се допаднало при изборот на најдоброто биле калдрманите улици, колонијалната архитектура, неверојатните глетки…

„Запишете им го на пријателските локални жители, хотелите или добриот старомоден шарм, но никогаш нема да се измориме од патувања во мали градови. Речиси секоја земја на планетата има мал град што вреди да се бара, од историски села во Јапонија до пустинските оази во Египет. Без понатамошно одложување, ова се најубавите мали градови во светот“, се вели во написот.

 

фото: Wikimedia

 

Loading...

Албарацин е најубавиот од нив

Најмногу им се допаднал малиот град Албарацин во Шпанија. Се наоѓа во провинцијата Теруел, а според пописот од 2018 година имало 1.016 жители.

„Овој изолиран планински град покрај реката Гвадалавиар е главен кандидат за титулата најубав мал град во Шпанија, со згради во розова и портокалова боја кои беспрекорно се вклопуваат во карпестата околина.

 

фото: Wikimedia

 

Местото е особено уникатно благодарение на неговата историја на муслиманско и христијанско владеење – каде на друго место можете да најдете готска катедрала и мавританските урнатини на Алказар во истиот мал град?“, стои во описот на овој град.

Црвените карпи што го опкружуваат градот го прави популарно место за качување и пешачење.

 

фото: Wikimedia

 

Loading...

На списокот е и Блед

На списокот се најде и една локација од поранешна СФРЈ. Станува збор за магичниот Блед во Словенија.

„Има причина зошто езерото Блед е едно од најпопуларните места во Словенија. Со своите смарагдни води, островчиња преполни со цркви, поглед на Алпите и замок од 12 век на рид, нема да ви недостасуваат совршени погледи Околниот град Блед е исто толку шармантен“, пишуваат тие за Пале.

 

green trees covered mountain
Photo by Jaka Škrlep/Unsplash

 

На листата се и градовите ТБан Рак Таи во Тајланд, Бањос во Еквадор, Биеи во Јапонија, Бокас дел Торо во Панама, Есперанс во Австралија, Гордес во Франција, Халштат во Австрија, Ируја во Аргентина, Ламу во Кенија…