Ова е најскапиот подарок што го добил Тито! Донесен е од Месечината!

Сподели со своите пријатели

Јосип Броз Тито, долгогодишниот претседател на СФРЈ, при официјални посети и дипломатски средби добивал бројни луксузни подароци, а дали знаевте дека најскапиот не е од планетата Земја?

Loading...

На Инстаграм профилот „Патеки на српската историја“ има приказна за четири камења од Месечината, кои на маршалот му ги подарил американскиот претседател Ричард Никсон во 1970 година.

Ова се камењата кои Нил Армстронг и Баз Олдрин ги донеле од Месечината, а се верува дека вредат неверојатни 500.000 долари.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денешниот ден во Југославија бил многу значаен. Еве и зошто (ВИДЕО)

Пред да пристигне подарокот во Југославија, американските астронаути бие гости на Јосип Броз, кој им го врачил Орденот на југословенската ѕвезда со лента.

По тој повод во Белград била организирана прослава, а гостите се возеле со автомобил со отворен покрив и го поздравиле насобраниот народ.

Loading...

Посетата на астронаутот, како и вредниот подарок, зборуваат за уникатната положба што ја имала СФРЈ за време на Студената војна, пренесува веб-страницата „Патеки на српската историја“.

Уникатните камења денес се чуваат во Музејот на Југославија во Белград.

Тие се дел од фасцинантната колекција која вклучува егзотични уметнички дела и скапоцени рачно изработени предмети.