Набљудувајќи површно, Денис Рејдер водел прилично нормален живот. Овој доживетен жителк на Канзас бил и претседател на црквениот одбор, а живеел со сопругата и двете деца.
Сите кои го познавале Денис имале најдобро мислење за него. Меѓутоа никој не знаел дека под неговото нромално лице се крие едно срце на најстрашен американски сериски убиец.
Неговото убивање започнало во далечната 1974 година со сите четири припадници на семејството Отеро. Еден по еден, ги мачел, а потоа убивал. Потоа, испратил порака до полицијата со барање на го нарекуваат ВТК или Bind Torture Kill – врзување, мачење и убиство.
ВТК продолжил да убива во периодот од 70-те до 80-те, а неговит еритуали станувале се побеќе бизарни. Фотографиите кои подоцна се пронајдени кај него прикажуваат како тој ги мачел своите жртви, а понекогаш и сам се облекувал во нивната гардероба.
Како продолжувале убиствата, жителите на Вичита станувале се повеќе параноични започнале да инсталираат разни безбедносни системи на своите домови. Не се сетиле дека баш убиецот е тој што ги поставуав безбедносните камери, затоа што работел за безбедносен сервис, а знаењето кое тука го собрал му помогнало лесно да влегува во домовите на своите жртви.
ЦТК убил 10 лица пред да биде уапсен во 2005 година, откако полицијата следала метаподатоци на дискета која им ја испратил самиот.
Денис е осуден по сите 10 точки за убиство на 10 доживотни затворски казни. Тој остатокот од својот живот ќе го помине во самица во Ел Дорадо – поправен затворе во Канзас.
Ова само покажува дека не можете да судите за книгата според кориците. Луѓето како Денис можат лесно да ве излажат.