Ова е човекот кој, можеби, би го победил Ердоган

Сподели со своите пријатели

Изгледа опуштено и модерно: Екрем Имамоглу знае да разговара со луѓето. И се труди да разговара со сите, да не исклучува или навреди никого.

Loading...

Ова може да се сфати и како реакција на стилот на владеење на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Во турската политика доста честа е практиката на поделба на „ние“ и „тие“, заедно со бројни навреди.

Огромното мнозинство Турци не слушнале за Имамоглу до 2019 година. Тој беше градоначалник на истанбулската област Бејликдузу кога Републиканската народна партија (ЦХП) изненадувачки објави дека ќе го номинира за кандидат за градоначалник на метрополата.

На почетокот имаше остри критики бидејќи многу поддржувачи на опозицијата сметаа дека нема шанси против кандидатот на владејачката АКП, која дотогаш го водеше Истанбул.

Но, Имамоглу победи на градските избори и им ја врати на кемалистите метрополата со која владееја конзервативните исламисти 25 години.

Имамоглу всушност победи – двапати. Прво во март 2019 година со 13.000 гласови, но тие избори беа поништени. Тоа ги налути гласачите и на повторените избори на Имамоглу му донесоа убедлива победа со разлика од 800.000 гласови.

Човек кој не се откажува

До денес, победата на Имамоглу се смета за доказ дека турската демократија е донекаде жива и дека навидум семоќната АКП може да биде поразена на избори.

Loading...

И тогаш по изборите следеа обвинувања за купување гласови, манипулација со резултати и политичко влијание врз процесот. Но Имамоглу не се откажа. Неговиот самоуверен и упорен пристап и успех придонесоа за неговата популарност.

Додека се борел за признавање на изборната победа, едно момче му вика: „Се ќе биде многу убаво!“

Од оваа надежна реченица направи парола и ја усвои целата опозиција. Кога излезе на бината да одржи говор по поништените избори, рече: „Ние ја имаме нашата младост!

Но, имаше и критики за Имамоглу. Кога делови од Истанбул беа погодени од катастрофална поплава во 2019 година, политичарот не одлучи да го заврши својот летен одмор. Кога земјотресот го погоди источниот турски град Елазиг во 2020 година, тој прво го посети градот како и многу други политичари, но потоа отиде на скијање.

„Нормално е таткото да помине два дена на одмор со своите деца“, се бранеше тогаш.

Имамоглу не само што сака да биде забележан во неговата земја, туку и на меѓународно ниво.

Неговиот тим одржува сметки на англиски јазик на Твитер и Инстаграм. Таму одвреме-навреме може да се видат фотографии од посети на странски претставници.

На хартија тој го претставува само Истанбул, но фотографиите на кои е со турско знаме оставаат впечаток дека тој ја претставува Турција.

Loading...

За многу Турци овие фотографии влеваат надеж: еден ден би можел да сподели такви фотографии од Анкара.

Градежна компанија, фудбалски клуб – а сега и политичка забрана

Роден во 1970 година, Екрем Имамоглу студирал на Кипар и Истанбул, каде што се стекнал со диплома за бизнис администрација.

Пред да влезе во политиката, тој водел ресторан во Истанбул, специјализиран за ќофтиња.

Водел и семеен градежен бизнис. Од 2002 до 2003 година беше член на управниот одбор на Трабзонспор, фудбалски клуб од градот близу каде што е роден.

Остануваат уште помалку од четири месеци до парламентарните и претседателските избори, на кои опозицијата се надева на конечен пораз на Ердоган.

Шефот на државата ненадејно најави дека, наместо во јуни, изборите ќе се одржат на 14 мај.

Набљудувачите сметаат дека Имамоглу има најголеми шанси од тројцата можни кандидати на опозицијата за претседателската функција.

Сепак, воопшто не е сигурно дека Имамоглу ќе биде кандидат. Затоа што лидерот на неговата републиканска партија Кемал Киличдароглу најавува дека ќе се кандидира како претставник на шест опозициски партии.

Loading...

Дополнително, на Имамоглу му се заканува забрана да се занимава со политика, поради обвинувањата дека ја „навредил“ изборната комисија.

Кога беше поништена неговата прва победа во Истанбул во 2019 година, тој рече: „Тие што ги поништија изборите се будали“.

Поради таа изјава тој во декември минатата година беше осуден на две години и седум месеци затвор.

Второстепениот суд допрва треба да одлучи дали Имамоглу треба да оди во затвор, дали може да остане градоначалник и да продолжи да се занимава со политика.

Сличности со лут противник

Имамоглу и Ердоган имаат многу заедничко. И двајцата биле добри фудбалери како млади момчиња, двајцата потекнуваат од регионот на Црното Море.

Ердоган исто така беше катапултиран на големата сцена од позицијата градоначалник на Истанбул (1994-1998).

Loading...

Дури и евентуална забрана за политика би наликувала на биографијата на Ердоган.

Во 1997 година стекна многу симпатии откако му беше забрането да учествува во политиката затоа што – цитираше религиозна поема.

Партијата што ја основа четири години по политичката забрана победи на изборите една година подоцна. Набргу потоа, Ердоган си ја укина забраната од политика и можеше да го започне своето патување кон премиерската функција.

По првите поништени избори во Истанбул, Имамоглу рече: „Нашиот пат е долг.“ Се верува дека човекот ќе игра важна улога во турската политика во наредните години. И дека забраната може само да ја зголеми неговата популарност.

Можеби на крајот, како што рече тоа момче, се ќе биде во ред за Имамоглу. Но, се чини дека е трнлив пат до таму.

Loading...