Отсега Фејсбук достапен и во Dark Mode

Сподели со своите пријатели

Фејсбук го воведува таканаречениот „мрачен режим“ подоцна оваа година, но некои корисници можат да го користат овој режим на социјалната мрежа и во моментов.

Loading...

Иако овој гигант меѓу социјалните мрежи првично го ограничи развојот на својот нов дизајн на бета-тестери, се чини дека го проширува сетот на корисници кои се во можност да го користат.

Dark Mode добива и најпопуларната апликација за комуницирање

Ако не ви се даде можност да го користите новиот дизајн на Фејсбук, не грижете се. Социјалната мрежа се очекува да го ажурира својот дизајн за сите корисници наскоро, пренесува Експрес.

Покрај десктоп компјутерите, Фејсбук работи и во мрачен режим за Android и iOS системите.

Во август, инженерот за апликации Џејн Манчун Вонг откри рана верзија на темниот режим на Фејсбук за мобилни уреди.

Новиот Facebook Messenger корегираше две најчести замерки на корисниците

Темниот режим на Фејсбук на мобилен телефон изгледа прилично сличен на оној на компјутерите со дополнителна придобивка која е од големо значење денес – подобрен век на траење на батеријата на мобилниот уред.

Loading...

Фејсбук е следната, а веројатно и последната, апликација која ќе има темна верзија.

Апликациите за Watsapp, Instagram, па дури и Facebook Messenger веќе имаат темна естетика која не е добра само за батеријата на уредот, туку за очите.

Facebook со нова опција кога се во прашање фотографиите

Според истражувањето на Харвард, не се препорачува гледање во светли екрани три часа пред спиење, бидејќи може да предизвика нарушувања на сонот.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *