Отповикан јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол

Сподели со своите пријатели

Членовите на Националното собрание на Јужна Кореја гласаа за смена на претседателот Јун Сук Јеол поради неговиот обид да воведе воена состојба, пишува Гардијан.

Loading...

Во гласањето учествуваа сите 300 пратеници.

Предлогот за замена беше усвоен денеска со 204 гласа „за“, 85 „против“, три „воздржани“ и четири неважечки гласа, објави Јонхап.

Сепак, смената на Јун од функцијата сега зависи од одлуката на Уставниот суд.

Според медиумите, претседателските овластувања и должности на Јун Сук Јеол ќе бидат суспендирани откако копии од документот за неговото разрешување ќе бидат доставени до Уставниот суд.

Судот има рок од 180 дена да одлучи дали ќе го смени Јун од претседателската функција или ќе му ги врати овластувањата.

Процесот на смена може да потрае неколку недели, бидејќи ќе се одржи судење, а за смена на претседателот, шест од деветте судии на Уставниот суд треба да го потврдат импичментот изгласан во парламентот.

Доколку биде сменет, националните избори за негов наследник мора да се одржат во рок од 60 дена.

Loading...

Првата иницијатива за импичмент против Џун Сук Јеол, за прогласување воена состојба на 3 декември, беше отфрлена минатата сабота поради немање кворум, при што речиси сите пратеници од владејачката Партија на народна моќ (ППП) го бојкотираа гласањето.