Отпочна изградба канализациона мрежа во населба Иго Тричковиќ

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово денеска најави отпочнување со изградба на нов фекален колектор и единаесет крака на фекална канализација во населбата Иго Тричковиќ (Пуковско), како дел од сеопфатната програма на општината за реализација на нови капитални и инфраструктурни проекти кои ќе значат подобрување на квалитетот на живот за кумановеци, информираат од Општина Куманово.

Loading...

 

 

 

 

Изградбата на фекалната канализација е во должина од 2500 метри.

Општина Куманово за реализација на овој значаен проект за градот издвои околу 19 милиони денари, финансиски средства од буџетот на Општина Куманово.

Loading...

 

 

Рокот на изградба на новиот фекален колектор и краците на фекална канализација е 150 дена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВИКЕНД ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Ќе има ли дожд?

 

 

Главни работни активности при изведување се машинско засечување со пила на коловоз од асфалт, машински и рачен ископ на ров во земја, изведба на контра рачви за каскадни шахти, набавка, транспорт и вградување на лиено-железен капак од тежок тип, машинско планирање и валирање на подтло, набавка, транспорт и вградување на тампонски материјал под коловозна конструкција.

Loading...