Откриени детали од тестаментот на Пригожин

Сподели со своите пријатели

Откриени се деталите од тестаментот на неодамна починатиот шеф на Вагнер, Евгениј Пригожин, како и условите што тој му ги оставил на својот наследник.

Loading...

Во тестаментот на основачот на групацијата Вагнер стои дека целиот свој имот му го остава на својот дваесет и петгодишен син Павел.

Пригожин му оставил на синот 116 милиони евра, иако со услов Павел да „обезбеди достоинствена егзистенција“ на вдовицата на Пригожин, неговите ќерки и неговата мајка.

Тестаментот исто така наведува дека, доколку Павел умре или се откаже од своето наследство, тој мора да биде подеднакво поделен меѓу вдовицата, ќерките и внуците на Пригожин.

Ако наследството оди кај ќерките, тие ќе бидат издржувани од мајката на Евгениј Пригожин.