Откриен криумчарот кој се обиде да шверцува Сиријци низ Четирце

Сподели со своите пријатели

Полицијата го откри лицето кое се обиде да шверцува мигранти од Сирија во близина на кумановското село Четирце.

Loading...

Станува збор за триесет и петгодишен жител на Крива Паланка, кој веќе бил баран со потерница за издржување затворска казна, а сега ќе добие кривична за криумчарење мигранти.

– Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Д.С.(35) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Табановце спречен шверц на илјадници монети со археолошка вредност

Како што појаснуваат од полицијата, на 24.09.2023 околу 18.40 часот на влез во село Четирце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот забележале како од патничко возило „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки, излегуваат пет лица мигранти, по што возачот не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници и го напуштил местото.

На местото биле затекнати пет лица мигранти од Сирија кои биле сместени во Прифатно – транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.

По преземени мерки и активности било констатирано дека кривичното дело го сторил Д.С., кој  на 25.09.2023 бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја нападнал сестрата и нејзиниот малолетен син

Притоа, по извршени проверки било констатирано дека тој бил баран по потерница, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од девет месеци за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Кшање – Куманово за издржување на затворската казна.

Loading...

Никола Ивановски